11.8 C
Скопје
13:38 - 19 февруари, 2026

Истражителот на несреќата на принцезата Дијана откри дека сè можело да заврши поинаку, но една работа пресудила: „Воопшто не се сомневам во тоа“

По смртта на принцезата Дијана, се појавија различни теории на заговор. Сега, 25 години по нејзината смрт, тогашниот иследник Тони Рид открил што можело да ја спаси, пишува The Mirror.

Оваа недела ќе се одбележат 25 години откако принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа додека се обидувала да им побегне на папараците во Париз, а еден од иследниците на несреќата откри дека мисли дека таа можела да преживее.

Во тоа време, светот ја оплакуваше принцезата, а сликите од уништениот автомобил стигнаа на насловните страници, шокирајќи го светот и покренаа дебата за тоа што се случило. Теориите на заговор сè уште се шират и сè уште има неодговорени прашања за тоа што се случило со Дијана и нејзиниот љубовник Доди ал-Фајед таа кобна ноќ.

Во 2008 година, истрагата заклучи дека тие загинале поради несовесно возење на нивниот возач Хенри Пол, кој имал високо ниво на алкохол во крвта и поради несовесните папараци кои ги прогонувале низ Париз.

Во тоа време, форензичкиот истражител на судирот, Тони Рид бил повикан да утврди што се случило и кој е одговорен. Зборувајќи за The Sun, тој откри една работа за која мисли дека би ја спасила двојката таа вечер – безбедносните појаси.

Ниту Дијана ниту Доди Ал-Фајед во тоа време не носеле појаси и возеле со брзина од 65 милји на час (околу 104 километри на час).

„Цврсто верувам дека и двајцата патници речиси сигурно би преживеале доколку носеле појаси – не се сомневам во тоа. Несреќата можела да се преживее бидејќи телохранителот Тревор Рис-Џонс преживеа“, рече Тони.

„Тоа беше многу несреќна низа на настани, но ако тие носеа појаси, веројатно немаше да ја водиме оваа дискусија сега“, посочи тој.

На прашањето што мисли за различните теории на заговор, Тони објасни дека е речиси невозможно да се намести сообраќајна несреќа.

Додека смртоносниот инцидент во Париз го шокираше светот, Тони објасни дека околностите во кои се случил не биле толку невообичаени и дека трагедијата всушност била последица на возач кој испил премногу алкохол и возел пребрзо во тешки околности.

Возачот Хенри Пол и Доди Ал-Фајед биле прогласени за мртви на местото на настанот. Дијана била итно пренесена во болницата Пити-Салпетриер каде што лекарите ја оперирале два часа за да и го спасат животот, но не успеале.

Слични објави

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо
Се вчитува....