3.8 C
Скопје
00:58 - 21 декември, 2024

Искрено со Зорица Дончев: Се остварив како сопруга, мајка и бизнис жена, но дојде време да го живеам животот и со музиката

Зорица со љубовната балада ,,Јас и ти ,, неодамна се промовира на македонската музичка сцена.

фото – приватна архива

Но да се запознаеме – која е Зорица Дончев?

– Македонка, родена и порасната во оваа библиска земја, но долги години живееме со семејството во Германија каде имам сопствен бизнис.

Музиката не е нешто ново со кое се запознаваш. Од кога ја негуваш љубовта кон пеењето?

– Љубовта кон музиката кај мене се роди уште од мала, од кога знам за себе јас пеам, на разни домашни прослави, на училишни приредби, во училишен хор. Подоцна учествував и на разни музички натпреварувања на кои секогаш земав прво или второ место, еднаш кога освоив прво место наградата беше скутер и верувајте до ден денес го чувам како спомен. Знаев да земам пенкало и самата да си пишувам песни, во главата си ја создавав музиката и едноставно музиката секогаш беше присутна. Но кога имав 10 години, почина мојата мајка. Е тогаш ми се скршија крилјата, се повлеков и се променив. Тогаш оставив се настрана, но музиката не. Потајно го сакав пеењето иако не го искажав тоа гласно. Животот продолжи и јас се остварив како сопруга и мајка, но и како бизнис жена.

фото – приватна архива

Зошто сега се реши сериозно да се вратиш на сцената?

-Велат кога нешто силно посакуваш еден ден ќе се оствари, така и со мене. Желбата сериозно да се посветам на музиката и пеењето, дојде време да се оствари. Но не сакав само ради реда да почнам да пеам, туку сакав да дојде вистинскиот момент за тоа.

Како се роди ,, Јас и ти“? Кој е авторот на песната, аранжманот?

– Комплетен автор на песната и на видео записот на “Јас и Ти”  е Јордан Митев. Многу интересна и (не) случајна средба беше тоа. Јас бев дојдена во Македонија на 3-4 дена и бев дел од една новогодишна емисија. Бевме седнати на иста маса. Тогаш си разменивме броеви со тајна надеж за идна соработка. Но тоа беше тоа. По 20 дена заедно со сопругот повторно се враќам во Македонија и тоа за божиќните празници. Му текна на сопругот,  бидејќи знае колку сакам да пеам и снимам професионално, да го прашаме Јордан за песна. Му пишав на Јордан и договоривме средба, но тој си помислил дека е за некој настап во Германија. Пријатно беше изненаден кога му ја соопштив мојата желба, ме слушна како пеам и ми рече само да размислам и ќе се слушнеме. Другиот ден веќе се договоривме.

фото-приватна архива
фото-приватна архива

Песната е напишана според животот и бракот на мене и сопругот. Стабилен и хармоничен брачен пар кој во животот се направиле сами. ми се допадна веднаш и текстот и музиката. Како за песната така и за спотот комплетно за се се погрижи Јордан. Но песната се погоди да ја снимаме на Благовец, а ја промовирав на Велики Четврток. Така си помислив дека ако Бог сака ќе ти ја исполни желбата, но во вистинскиот момент.

Кои се идните планови на Зорица?

– Не планирам да запрам сега кога почнав. Знам дека имам што да покажам и ќе го направам тоа. Веќе во подготовка е и втората песна, со малку побрзо темпо, совршена за летниов период. Ќе снимаме веднаш и видео запис и со Господ напред се надевам на убави и позитивни реакции од публиката.

Проследете го и уживајте во вашиот следен омилен, музички хит на Зорица.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....