6.8 C
Скопје
18:54 - 3 декември, 2024

Интервју со Ивана Ѓорѓиевска, претседателка на Совет на Општина Куманово: Силната жена не гледа конкуренција во друга силна жена

„Секој мисли дека неговиот проблем има приоритет, а има проблеми бидејќи со години наназад се работело без концепт и стихијно, да не кажам партиски. Ред мора да има и правилата да важат за сите подеднакво, а ред се прави  кога секој си ја врши својата работа“ – вели Ѓорѓиевска.

Од професор по книжевност до успешна претприемачка, Ивана Ѓорѓиевска е жена која не се плаши од предизвици. Вели дека како отворена и директна личност не почувствувала до сега пречка затоа што е жена и дека многу е важно како ќе се поставиш со луѓето. Од мала е „калена“ и никогаш не била галена и штедена. Завршила Општа и компаративна книжевност на Филолошки факултет. Тежок и убав факултет, но работа никако да се најде. Тогаш започнале нејзините  предизвици. Станала дописничка за „Канал 77“ од Куманово, ги запознала институциите  на Општината. Влегла и во странски фирми, запознала друг систем во кој сработеното има вредност и цена. Ни раскажува на почетокот на разговорот дека капиталот го вложила во трговска фирма.

– Секогаш бев ицијатор, не се плашев од ризик. Со клиентите секогаш бев искрена, не подметнував и тоа се исплатеше финансиски. Веќе подолго време сум во водите на образованието. Работев како наставник, библиотекар, помошник директор. Полагав и директорски испит, но се вклучив во политичките води и таа моја амбиција не ја остварив. Искуството стекнато при менаџирањето со воспитно-образовниот процес, ми дава право да имам тврд став кога станува збор за важноста на воспитно-образовниот процес. Преку директна работа со луѓето се стекнува доверба и се гради став за една личност без разлика дали е жена или маж, ни открива нашата соговорничка.

Активна сте и на политички план, што Ве мотивираше да се вклучите во политиката?

– Влегов во образованието, по инерција влегов и во СДСМ, но никогаш не бев политичка активна, луѓето кои водеа на локално ниво не ја заслужуваа мојата посветеност. Кога станав помошник директор почесто контактирав со градоначалникот Максим Димитриевски. Како интелектуалец и граѓанин на Куманово во него препознав политичар кој не само што зборува, туку и испорачува. Куманово за првпат почна да се менува. Со Градоначаликот имаме слични гледишта и енергија.  Станав носител на негова советничка листа, независна и граѓанска. Имајќи го своето животно искуство, знаев дека сè може да се научи и дека луѓето го почитуваат здраворазумското мислење и се сити од политичкото. Ваков став и ден денеска го наметнувам и во реалноста не правам разлика меѓу грѓаните и сите сугестии сериозно ги размислувам. Сè што е за пофалба ја има мојата поддршка, сè што е за критика, се обидувам да сугерирам, а на крај и отворено критикувам. Како советници често пати сме ставени во ситуација да носиме тешки одлуки кои директно влијаат на животот на нашите сограѓани, но дека секогаш треба да се гледа интересот на идните поколенија, а не интерес на грст граѓани или инвеститори.  Мојот став е дека и за најголемите проблеми во Општината има решение доколку постои соработка и воља од страна на квалитетни луѓе кои ги водатат институциите.

Со кои актуелни проблеми, според Вас, се соочува жената во Куманово?

– Кумановки се докажани жени и во општествено делување и во бизнис сферата. Но голем бројот, односно повеќе од 50% од активните баратели на работа се жени. Како претседател на Совет зедно со НПЖП поттикнав формирање на Комисија за женско претприемништво, составена од докажани бизнис жени на локално ниво, кои имаа улога да ги подучат жените кои сакат да започнат сопствен бизнис. Децениски проблем  за кој се залагав да  се реши  е заштита на жените – жртви од родово базирано и семејно насилство. Отворено е советовалиште Конфор зона за жени,  каде се социјални услуги за жртвите.

Кумановската жена се соочува со проблемите кои ги имаат сите кумановци, а тоа е недостаток на јавни површини кои се узурпирани од возила, недостаток на детски катчиња кои се прават, но многу бргу се унуштуваат, недостаток на места во градинки за да си ги згрижат децата и да можат да работат, недостаток на зелени површини кои со тек на време се пренаменуваат во градежни парцели, недостаток на сообраќајна култура. Сите овие проблеми се нотирани и како Претседателка на Совет барам трајно и ефикасно решение.

Ценам луѓе од акција, не сакам диригирање од канцеларија и затоа сум постојано меѓу народот.

Имате ли амбиција да се кандидирате за градоналничка на Куманово и каква енергија би донеле на градот? Што би промениле?

– Функција Градоначалник е најтешката  и можеби и најнеблагодарната функција од сите избрани и именувани лица. Истовремено е и највлијателна затоа што од способноста за менаџирање зависи дали ќе ги решиш проблемите на  граѓаните и дали ќе ве поддржуваат и ценат. Мојата енергија како Претседател на Совет е веќе присутна во градот. Како личност сум амбициозна и подготвена да одговорам на секој предизвик, но единствено граѓаните се тие кои ги дефинираат кандидатите за политичките функции во нашиот граѓански концепт.

Постои ли женска солидарност во деловниот и во политичкиот свет?

– Според мене постои и јас ја чувствувам. Силната жена не гледа конкуренција во друга силна жена, бидејќи истата е остварена и нема фрустрации. Повеќе силни жени доколку соработуваат, чуда можат да направат. Жените за разлика од мажите се поинтуитивни, ги размислуваат проблемите и дури тогаш носат рационална  одлука.

Која е Ивана Ѓорѓиевска приватно?

– Приватно Ивана Ѓорѓиевска е како и секоја македонска жена. Посветена на мажот, семејството, на напредокот.  Со сопругот сум од моите 16 години, имам две прекрасни деца со кои многу се гордеам. Сергеј е студент на ФИНКИ и паралелно работи во привата компанија, трудољубив е и сака многу да напредува. Софија е вљубеник во кошарката, повлекла ген од татко ủ, посветена е на училиштето, но и на шетањето. Не дозволувам да се оптеретуваат со мојата политичка улога и апсолутно се како сите млади луѓе. Маж ми работи во  приватен сектор,  сосема е вон политика. Најголема директна помош сепак имам од мојата свекрва. Е тоа е женска солидарност. Мое царсто и оаза на релаксација е нашата викенд куќа во с. Дргоманце. Уживам во земјоделието, овоштарството, правам секогаш домашни традиционални јадења од мојата бавча. Најголемо задоволство е после напорна физичка рабата, која психички многу релаксира, да се освежам во реката Пчиња или да поминам време во опуштени забави со драги пријатели.

Слични објави

Се разведе од Северина, а сега има нова девојка: Синот на Кеба повторно љуби, пејачот го разоткри

Еспресо

(Фото) Новогодишна елка до таванот: Сопругата на Огњен Амиџиќ ја покажа празничната декорација во станот за кој искешираа 100.000 евра

Еспресо

Наградуваниот хрватски актер пријавен за насилство: Тврдат дека пијан и дрогиран ги навредувал студентите

Еспресо

Палатата објави нови детали за здравјето на кралицата: Камила изгубила сила, отсуствува на сите настани, а еве од што боледува

Еспресо

Цеца конечно ѝ одговори на Сека Алексиќ: Полошите секогаш „лаат“ за подобрите

Еспресо

Милиќ Вукашиновиќ се огласи откако му ја ампутираа ногата: Еве каква е состојбата на рокерот!

Еспресо
Се вчитува....