Моделот Џем Волфи преку социјалните мрежи направи бренд од својата неверојатна вита фигура.
Волфи се отствари како успешна и самостојна жена и со своите 28 години има завидна кариера, а таа само на својата OnlyFans страница оствари повеќемилионски приход, каде фановите плаќаат месечен надоместок за пристап до ексклузивни содржини кои таа ги објавува.
– Живеам како да сум сиромашна и тоа е многу важно да се знае. Живеам скромен живот. Не купувам ништо за себе. Посреќна сум од кога било, бидејќи се што сакав е да имам куќа каде ќе можам да чувам кучиња – вели таа.
Како што вели, никогаш не сакала да го живее животот на познатите луѓе. Отсекогаш сакала да има приватност, па и до ден денеска се обидува да ја сочува иако има огромен број на фанови, кои ја следат секојдневно.
Волфи вели дека нема проблеми со комплексите кои ги имаат некои од нејзините следбеници, но вели дека негативните коментари никому не му се пријатни.
Инаку оваа убавица има речиси три милиони следбеници на Инстаграм, а со оглед на нејзините прекрасни фотографии од своето одлично тело, навистина се сомневаме дека има прилика да прочита многу негативни коментари за себеси…