17.8 C
Скопје
03:00 - 21 мај, 2024

Илон Маск си купи жив пекол за 44 милијарди долари? Моќните брендови престанаа да се рекламираат, а „твитерџии“ се бесни

Веднаш штом го презеде Твитер и отпушти голем број високи менаџери, Илон Маск најави наплата на членарина на корисниците. Имено, синото штиклирање до името на корисникот, кој означува проверена сметка, ќе чини осум долари месечно.

Досега „чекмаркот“ беше бесплатен на Твитер, а оваа иновација милијардерот ја објасни како негов напор да ги победи спамовите и измамите.

Досега, сините штиклирања до корисничките сметки беа претежно опција за луѓе од висок профил, обично познати личности, да се заштитат од лажни профили и кражба на идентитет.

Сепак, продажбата на овој статус, тврдат критичарите на потегот на Маск, всушност предизвика гнев кај корисниците.

Поранешниот метод на Твитер за проверка на корисниците вклучуваше краток формулар за апликација преку Интернет и беше резервиран за оние чии идентитети беа цел на имитирање, како што се познати личности, политичари и новинари.

Компанијата го воведе системот во 2009 година, откако се соочи со тужба дека не сторила доволно за да спречи лажни профили. Според Гардијан, имало околу 400.000 проверени корисници на Твитер во 2021 година.

Но, не само тоа. Познатите брендови полека почнуваат да се повлекуваат од Твитер.

Во понеделникот, една од најголемите светски рекламни компании, IPG, ги советуваше своите клиенти да ги прекинат рекламите на Твитер на една недела, нагласувајќи ја потребата за поголема јасност за плановите на Твитер да обезбеди „доверба и безбедност“ на платформата. И ова не е шега затоа што некои од најголемите светски брендови даваат милијарди долари годишно за креирање маркетинг планови и буџети.

Многумина на платформата ја повторија изјавата на Стивен Кинг, кој како одговор на најавата за измените напиша дека наместо да му бара пари, Твитер да му плати да биде твитерџија. По неколку месеци суштински обиди да се извлече од договорот за купување на Твитер, Илон Маск сега ја поседува влијателната платформа, а вистинското прашање е – што ќе прави тој со неа?

Преземањето на Твитер од Маск не само што ги потресе вработените во Твитер, туку ги задрма и стотиците милиони луѓе ширум светот кои ја користат платформата секој ден.

Но, тоа може да влијае и на следните избори во САД, особено ако Маск го исполни своето ветување дека ќе ги врати профилите на корисниците кои претходно беа забранети од платформата, особено профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, и ако ги ублажи ограничувањата за содржината која се објавува.

„Воопшто не ми е гајле за економијата“, своевремено рече Маск, но и како најбогат човек на светот, тој мора да се грижи сепак, за парите. Неговото моментално нето богатство се проценува на 220 милијарди долари, но тоа не се 220 милијарди долари во готовина во банкарскиот трезор, туку главно поврзани со неговите акции во Tesla и SpaceX.

Затоа, за да ги покрие огромните загуби на Твитер, секоја година би морал да распродава се повеќе од своите акции. Тоа би било болно во монетарна смисла, но уште повеќе во однос на моќта: тој би можел да заврши во ситуација кога би можел да ја изгуби контролата врз компаниите, особено врз Тесла, вели Џон Шварц.

Тој смета дека купувањето на Твитер од Маск е тотален деловен неуспех што ќе му го направи животот пекол, но и потенцијално сериозна закана за демократијата. Колку и да Маск труби со сите ѕвона за демократијата…

– Без разлика какви одлуки ќе донесе, ќе разгневи голем број на претплатници на Твитер. Левицата ќе види дека нивните сомнежи за него се потврдуваат. Десничарите ќе го гледаат само како уште едно лажливо прасе од светот на технологијата, заклучува Шварц.

 

Слични објави

Која е девојката на победникот на Евровизија, небинарниот Немо: „Немаме никакви родови очекувања еден од друг“

еспресо

Харис Џиновиќ откри како се чувствува за шегите по разводот: „Не ме допира тоа што сум тема на потсмев“

Еспресо

Вељко Ражнатовиќ го прекина молкот: Синот на Цеца откри дали планира четврто дете

Еспресо

(Видео) Кевин Костнер се расплака во Кан: „Нашиот куп пари не може да биде толку голем колку што срцето може да биде полно“

еспресо

(Фото) Анастасија и Гудељ се вистински модни икони во Шпанија

Еспресо

Внукот на Ера Ојданиќ ја откри состојбата на пејачот по сериозната операција

Еспресо
Се вчитува....