5.8 C
Скопје
23:23 - 13 март, 2026

Харисон Форд „подмладен“, критиките за Индијана Џонс лоши: „Бледа копија на непроценливо богатство“

Петтиот дел од сагата за Индијана Џонс, насловен Индијана Џонс и бирачот на судбината (Indiana Jones and the Dial of Destiny), беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал. Ѕвезда на филмот е Харисон Форд, кој едвај ги задржа солзите неколку пати за време на премиерата. По завршувањето на филмот, аплаузот траеше пет минути, пишува Варајети.

Форд беше одлично примен на фестивалот, а илјадници обожаватели го скандираа неговото име на црвениот тепих. По премиерата на филмот, светските медиуми ги објавија првите впечатоци, а филмот ќе почне да се прикажува во кината ширум светот кон крајот на јуни.

Петтиот филм со Индијана Џонс наиде на различни реакции после светската премиера. Сите се согласуваат дека новиот дел е подобар од претходниот, Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп. Но, критичарите се согласуваат дека филмот не ја достигнува кулминацијата на оригиналната трилогија.

Филмскиот критичар Питер Бредшо на филмот му даде оценка три (од пет). Во својата рецензија за „Гардијан“ тој напиша дека франшизата „сè уште има класа од старата школа“ и го нарече крајот на филмот „диво смешен и забавен“.

Роби Колин од Телеграф беше покритичен, давајќи му на филмот две ѕвезди. Тој го нарече „бледа копија на непроценливо богатство“ и рече дека нема искра во филмот.

Овен Глајберман од Варајати рече дека филмот е потсетник дека „дури и ако го реконструирате акциониот етос од минатото, да се долови истата возбуда е многу потешко“.

Дејвид Ерлих од ИндиВајр го нарече филмот губење на време, но она што му падна во очи е говорот на ѕвездата на филмот по премиерата. „Како некој кој никогаш не почувствувал длабока приврзаност кон Харисон Форд, сфатив дека неговиот плачлив говор по прикажувањето е неверојатно срдечен и трогателен“, рече тој.

Џон Нуџент од Емпајар беше подарежлив од неговите колеги. На филмот му даде четири ѕвезди и рече дека изведбата на Фиби Волер-Бриџ е одлична.

Фриленсерот Роберт Блокланд го пофали филмот. „Индијана Џонс и бирачот на судбината е одличен. Фиби и Медс се многу добри. Треба да се види крајот за да се поверува“, напиша тој.

Деталите за заплетот на филмот остануваат во тајност. Познато е дека најмногу се снимаше во летото 2021 година во Обединетото Кралство. Снимањето било прекинато кога Форд се здобил со повреда на рамото. Сцените во филмот се снимени во Глазгов, Нортамберленд, Јоркшир и Лондон. Форд мораше да се подмлади за потребите на филмот.

„Форд е неверојатно талентиран и агилен и тоа му овозможи лесно да ги одглуми сите сцени. Технологијата вклучена во процесот на снимање е сосема друга работа“, изјави претходно режисерот на филмот Џејмс Манголд.

„Имавме тони снимки од него во крупен кадар, во среден, широк, со силни и со слаби светла… Еден ден го снимавме 79-годишниот Форд како го игра 35-годишниот Индијана, а два дена подоцна неговото лице беше сосема поинакво и дигитално.подмладено“, вели режисерот.

Инаку, Дизни пред неколку месеци потврди дека овој филм за Индијана Џонс ќе биде последниот дел од франшизата. Харисон Форд го отелотвори овој лик за прв пат во 1981 година. Претходниот филм, Индијана Џонс и Кралството на кристалниот череп, исто така беше премиерно прикажан во Кан во 2008 година.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....