10.8 C
Скопје
12:12 - 29 март, 2026

Хаос во „Ѕвездите на Гранд“: Дара Бубамара го напушти жирито среде емисија!

Пејачката Дара Бубамара бурно реагираше во последното издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, по што демонстративно го напушти студиото и своето место во жирито.

Инцидентот се случи откако завршија настапите на кандидатот на Дара и кандидатот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, по што следуваа гласањето и коментарите од жирито. Иако дел од членовите сметаа дека настапот на кандидатот на Цеца не бил на највисоко ниво, тој сепак доби повеќе гласови, што ја налути Бубамара.

„Фолирање, верувај ми. Лично е. Момчето пееше одлично. Не му дадоа гласови поради тебе, Цеца, за ти да испаднеш победник. Зборуваа дека твојот кандидат бил лош, па еве што се случи. Ќао, одам дома“, изјави видно вознемирена Дара, по што ги собра своите работи и ја напушти сцената.

По нејзиното заминување реагираше и Цеца, која истакна дека однесувањето на колешката не било коректно.

„Дара си замина без да ја слушне мојата реплика, што не е колегијално и не е фер, ниту кон мојот кандидат. Овде не се гласа за менторот, туку за пејачот. Мојот кандидат е исклучително талентиран, тоа не сум го создала јас, туку Бог и мајката што го родила. Му честитам и на другиот кандидат и му посакувам среќа во баражот“, изјави Цеца.

Слични објави

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.
Се вчитува....