16.8 C
Скопје
15:37 - 10 март, 2026

Хана Хуљиќ Грашо проговори за мајчинството и семејството: „Исполнета сум, живеам само за нашата среќа“

Пејачката откри дека нејзиниот сопруг, Петар Грашо ѝ е најголема поддршка и дека со неговото присуство сè е „постабилно“. Во воспитувањето на нивните две деца ѝ помага и нејзината мајка, Вјекослава Хуљиќ.

Минатиот викенд, на прославата на петгодишнината од еден бренд за природна козметика во Сплит, се собраа бројни хрватски ѕвезди. Меѓу нив беше и музичарката Хана Хуљиќ Грашо, која за „ИН Магазин“ откри како се снаоѓа во улогата на мајка и сопруга.

Сопругата на пејачот Петар Грашо истакна дека токму тој ѝ е најголема потпора. Иако сè уште активно настапува и одржува концерти, Грашо поминува многу време и со своето семејство, кое покрај брачниот пар го сочинуваат и нивната ќерка Алба и синот Тони. Пејачката нагласи дека со присуството на Петар „сè некако станува постабилно“.

Оваа музичарка, која во моментов подготвува две нови песни за своите обожаватели, призна дека мајчинството целосно ја променило:

„Сфаќаш што навистина е важно во животот, повеќе не се оптоварувам со некои работи со кои гледам дека другите се оптоваруваат. Едноставно го живеам нашиот живот и толку сум исполнета — живеам само за нашата среќа.“

Во понатамошниот разговор, оваа скромна уметница проговори и за односите во своето семејство. Истакна дека нивната тригодишна Алба многу го сака својот помал брат, но понекогаш треба да биде внимателна бидејќи знае да го „прегрне малку премногу“.

За Тони, кој наскоро ќе го прослави својот прв роденден во кругот на најблиските, Хана откри дека по карактер повеќе наликува на нејзиното семејство, додека Алба „повлекла на Петровата страна“.

Таа нагласи дека огромна улога во воспитувањето на нејзините деца има нејзината мајка, Вјекослава Хуљиќ, која ѝ помага секојдневно и безрезервно.

 

Слични објави

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin
Се вчитува....