11:14 - 31 март, 2026

Грозоморен чин од освета, убиецот од Тексас имал проблеми со сексуалниот идентитет и бил дискриминиран

На Инстаграм профилoт убиецот Рамос имал фотографии на кои позира со женски фустани. Во меѓувреме, избегната е уште една трагедија во Далас, вооружено момче уапсено на пат кон колеџ. 

Салвадор Рамос го направил масакрот во Тексас поради тоа што се чувствувал дискриминиран, исмејуван од соучениците и најмногу поради неговите проблеми со сексуалниот идентитет. Грозоморниот чин го направил од одмазда.

18-годишниот убиец кој уби 19 деца и две учителки во училиште во Тексас, страдал од проблеми со својот родов идентитет. Се смета дека ова стои зад грозоморниот масакр што го направил. На неговиот Инстаграм профил откриени се фотографии во кој тој позира облечен во женска облека.

Убиецот на учениците во Увалед, Тексас, останал во институцијата околу 40 минути пред да биде убиен.

Во меѓувреме, млад ученик бил уапсен на периферијата на Далас, Тексас, бидејќи возел до своето училиште со две пушки во неговото возило. Ова го соопшти полициската управа Ричардсон, град кој се наоѓа на 560 километри од Увалде каде вчера се случи масакрот на 18-годишно момче кое уби 19 деца и две учителки. Полицијата добила повик во 10.55 часот по локално време да предупреди дека млад човек одел со пушка кон Институтот Беркнер.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....