13:53 - 2 април, 2026

Голема трагедија: Загина ќерката на фронтменот на „Пекиншка патка“, имаше само 25 години

Анѓелина Чонкиќ (25), ќерка на Небојша Чонкиќ Чонта, поранешен фронтмен на познатиот новосадски панк бенд „Пекиншка патка“, загина во сообраќајна несреќа во Торонто, Канада.

Анџелина во наредните денови ќе биде погребана на Градските гробишта во Нови Сад, каде ќе биде донесено нејзиното тело од Канада, соопшти неутешното семејство.

„Со неразбирлива болка Ве известуваме дека нашата премила ќерка Нина загина во сообраќајна несреќа на 6 октомври во Торонто. Сега е меѓу Ангелите, како што кажува нејзиното име“, пишува во некрологот под кој се потпишале ожалостените, мајката Мирјана, таткото Небојша, братот Момчило и чичкото Борислав и стрината Јелена со децата Милица и Милан.

Небојша Чонкиќ Чонта е роден во Нови Сад во 1953 година. Тој беше еден од најзначајните автори и креатори на музичкиот Нов бран во Југославија на почетокот на 1980-тите, како водач на групата „Пекиншка патка“.

По двата објавени албуми кои влегоа во антологијата на српскиот и балканскиот рокенрол, групата престана да работи, а Чонкиќ ја продолжи академската кариера, работејќи како професор во Електротехничкиот училишен центар во Нови Сад.

Тој во 1994 година се преселил во канадскиот град Торонто, каде предава информатика на канадскиот државен универзитет Сенека, пренесува српски „Блиц“.

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....