23:52 - 6 април, 2026

Гоца Тржан вработила Кинезинка во спа-центарот: По Цеца, и таа вработила жена од Азија

Српската пејачка Гоца Тржан неодамна започна бизнис со угостителство. Пејачката со својот сопруг Раша Новаковиќ отвори кафуле и ресторан на Ада Циганлија, кој нуди и услуги во спа и велнес центар.

На позициите келнери, готвачи, чувари и обезбедувачи се Срби, но, Гоца вработила и Кинезинка. Таа работи како хигиеничарка, а својата работа ја извршува беспрекорно.

Иако надвор е екстремно жешко, Кинезинката носела тренирки со ракави и долги ногавици. Цело време ср врткала околу гостите и собирала сè што на гостите не им требало.

Ова не е прв случај јавни личности да вработуваат странски државјани, па така пред две години се дозна и дека Светлана Цеца Ражнатовиќ има странец во својата куќа. Таа вработила жена од Азија, која исто така работи како домашна помошничка во нејзиниот дом.

Како што објавија српските медиуми, Гоца и Раша издвоиле 90.000 евра за овој бизнис со цел да создадат вистински рај за себе, но и за своите гости.

По години поминати во музичкиот свет, Гоца Тржан и Раша Новаковиќ одлучиле да си ја пробаат среќата и на претприемачко поле.

Кон крајот на мај, тие отвориле кафуле со спа-центар на брегот на „белградското море“, а богатата музичка и социјална содржина привлекува сè повеќе посетители секој ден. Покрај секојдневните активности, кафулето на пејачката Гоца Тржан организира и вечерна забава и журки за љубителите на ноќното забавување.

– Да, слушнавме од луѓе дека Гоца отворила кафуле. Убаво е, често ја гледаме тука, но мислам дека нејзиниот сопруг е задолжен за водење на бизнисот, таа е таму за да управува (се смее) – изјавил изворот за медиумите.

Како што објавија медиумите, пејачката го изнајмила овој простор на 10 години.

Пејачката еднаш откри дека не сака музиката да ѝ биде единствен извор на приход, бидејќи размислува за иднината, и за својата и за иднината на нејзината ќерка.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....