9.8 C
Скопје
23:26 - 24 октомври, 2026

(Фото) Ѕирнете во станот на Теа Таировиќ во Нови Сад: Доминираат слики на ѕидовите, пејачката истакнала која ја обожава…

Пејачката Теа Таировиќ е родена во Нови Сад, а сега покажа како изгледа нејзиниот семеен дом.

Теа секогаш со задоволство се враќа во Нови Сад и тврди дека не постои град што го сака повеќе од него. Во станот каде што пораснала доминираат светли бои, па така мебелот и гарнитурата се во крем и бели тонови.

 

Таа ја отворила вратата од овој стан и покажала дека во дневната соба доминираат слики на ѕидовите.

– Сето ова го сликаше мојот татко. Сите се понов датум, освен оваа која е од 1999 година. На сликата сум кога имав можеби три години – рекла пејачката.

Покрај телевизорот се наоѓаат и семејните фотографии, а пејачката вели дека ја обожава онаа со својата мајка, како и фотографијата од детството.

– Таа го одразува мојот карактер. Дама во балетанки и фустан, но со колач во раката. Таква сум и денес – рекла Теа во емисијата „Ексклузив“.

За кратко време, Теа Таировиќ постигна голем успех и стана една од најплатените пејачки, а сега одлучи да ги инвестира заработените пари во недвижности.

Теа наводно купила два стана. Едниот во Белград, другиот во Црна Гора. Како што откри изворот, таа во српската престолнина зела недвижност за кој платила 300.000 евра, додека оној на црногорскиот брег чинел повеќе.

Пејачката се одлучила за Бокакоторскиот залив, па таму купила стан по свој вкус.

– За неа беше многу важно апартманот да биде простран, со голема тераса со поглед на море, како и да биде под видеонадзор поради безбедносни причини. Сето тоа го пронајде, а за тој стан плати вртоглави 430.000 евра!

 

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....