21:39 - 2 април, 2026

(Фото) Пике ја објави првата официјална фотографија со Клара Чиа: Лавина коментари -„Никој не се споредува со Шакира“

Поранешниот дефанзивец на Шпанија и Барселона, Жерар Пике објави фотографија со својата нова љубовница Клара Чиа Марти, поради која раскина со Шакира. Тој ја сподели фотографијата со претплатниците на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gerard Piqué (@3gerardpique)

На објавената фотографија, на маса седат 35-годишниот Жерар Пике и 23-годишната Клара Чиа Марти. Фудбалерот нежно се гушнал со својата девојка додека таа прави селфи, а двајцата се смешкаат додека гледаат во камерата.

Првата заедничка фотографија на Пике и Чиа Марти предизвика бурни реакции. Сепак, оние кои се восхитуваа на парот беа во малцинство.

„Никој не се споредува со Шакира“, „Купи ѝ повеќе џем“, „Очигледно тој само сака да го покаже своето Twingo“, напишаа корисниците на социјалната мрежа.

Минатиот јуни, Шакира и Жерар Пике раскинаа по 11 години романса и раѓање на два сина. Причината за раскинувањето било неверството на фудбалерот со студентката Клара Чиа Марти. Во својата нова песна, Шакира рече дека „вреди за две 22-годишнички“ и му посака на Жерар Пике, кој „го сменил Ферарито за Рено Твинго и Ролексот за Касио“, отсега да тренира не само мускули, туку и мозок. .

Слични објави

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо
Се вчитува....