21:51 - 22 декември, 2024

(Фото) Занимливости за СП Катар 2022: Спектакл за луѓе со длабок џеб

За престој во Катар од десеттина дена за време на Светското првенство, хипотетично ви требаат околу 4.000 евра – инвестиција неопходна за билети, патување, храна и сместување.

Преостануваат уште два дена до почетокот на Светското првенство кое за прв пат во историјата ќе се одржи на територија на земја од Блискиот Исток – во Катар. На 20 ноември Светското првенство ќе се отвори со натпреварот меѓу репрезентациите на Катар и Еквадор, а одлучувачкиот натпревар ќе го гледаме на 18 декември. Станува збор за првенство кое е прво во историјата што се одржува не во летниот, туку во есенско-зимскиот период, а ова се должи на климатските карактеристики на Катар – во лето е невозможно да се одржат натпревари зашто често температурата на воздухот надминува 40 степени. Но, дури и во доцна есен, односно рана зима во Катар, е прилично топло, па затоа стадионите се опремени со специјални системи за ладење. Архитектот Шпер е заслужен за дизајнот на веројатно најубавиот и најоригиналниот стадион кој ќе биде домаќин на Светското првенство, стадионот Ал Бајт кој се наоѓа на нешто повеќе од 40 километри од главниот град Доха. Стадионот наликува на голем бедуински шатор, а своето име го носи по бајт ал шаар или типичните катарски шатори, симбол на добредојде и гостопримство.

Ал Бајт е поставен на подигнато тло на 14 метри надморска височина, а два факела ја идентификуваат неговото локација уште оддалеку, за секој да може да ги следи за да стигне до него. Ал Бајт располага со 60.000 седишта, додека стадионот со најголем капацитет е оној кој ќе биде сцена за финалето, Лусаил, со капацитет од 80.000 седишта Архитектонска карактеристика на овој објект се деталите и украсите на арапската уметност. Стадионот Ахмад Бин Али, од друга страна, има светла фасада со елементи на исламската култура како негова посебна карактеристика. Стадионот „Education City“ пак, ќе биде еден од скапоцените камења на  претстојното првенство, го носи прекарот „Дијамантот на пустината“, со оглед на неговиот аспект што ја менува бојата врз основа на аголот од кој сончевата светлина се рефлектира врз него.

Логото на Светското првенство во Катар 2022 е инспирирано од арапската култура, претставува свилен шал, извезен со геометриски и цветни фигури, кој ротира за да создаде совршен круг: ја претставува Земјата, но и фудбалска топка. Потоа се испреплетува за да го формира бројот осум, бројот на стадиони на кои ќе се игра првенството, но и симбол на бесконечноста.

Катар 2022 во бројки

Од 831 играч учесник, 163 доаѓаат од англиската Премиер лига (19,6%). Баерн Минхен со 17 играчи е најдобро застапениот клуб во Катар 2022. Баварскиот гигант е претставен преку екипите на Камерун, Канада, Хрватска, Франција, Германија, Мароко, Холандија и Сенегал. Катар и Саудиска Арабија пак, се единствените две нации со сите 26 играчи од нивната домашна лига.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Qatar Worldcup (@worldcup.2022)

Највисокиот играч на првенството е Андрис Ноперт со своите 203 сантиметри. По бројот 23 на Холандија, следат двајца колеги голмани: Србинот Вања Милинковиќ-Савиќ (202 см) и Белгиецот Тибо Куртоа (200). Голманот на Мексико Алфредо Талавера ќе има 40 години и 63 дена кога ќе започне турнирот, што го прави најстариот играч во Катар. По Талавера по возрасен редослед следат пет 39-годишници: Канаѓанецот Атиба Хачинсон, централниот бек на Португалија Пепе, јапонскиот голман Еиџи Кавашима, десниот бек на Бразил, Дани Алвеш и холандскиот голман Ремко Пасвер. Јусуфа Мукоко ќе биде најмладиот играч, германскиот напаѓач ќе наполни 18 години на денот кога ќе започне Светското првенство, и доколку игра во било кој момент, ќе го надмине Кристјан Ериксен и ќе стане вториот најмлад европски играч кој се појавил на Светско првентсво зад Норман Вајтсајд кој имаше 17 години и 41 ден кога играше против Југославија во Шпанија во 1982 година.

Кристијано Роналдо со 117 гола е играчот кој има постигнато најмногу во националниот тим, најмногу од 76. минута до последниот судиски свиреж. Десната нога на Роналдо е најмоќното оружје во меѓународниот фудбал. Слободните удари и пеналите сочинуваат околу една петтина од неговите 117 меѓународни голови. Томас Милер пак, е играчот со најмногу голови на Светско првенство (10), следат Кристијано Роналдо (10), Луис Суарез (7), Хари Кејн (6), Лионел Меси (6) и Нејмар (6). Четворица фудбалери се вклучени во составот на Светското првенство по рекорден петти пат. Тоа се Андрес Гвардадо, Лионел Меси, Гиљермо Очоа и Кристијано Роналдо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Qatar Worldcup (@worldcup.2022)

Билети по вртоглави цени

Стадионите и инфраструктурите се создадени целосно од нула. Малата држава во Персискиот залив не штедеше трошоци во однос на организацијата на Мундијалот зашто земјата нема фудбалска историја, а е одлична можност да се отвори кон западниот свет. Се проценува дека во Катар, помеѓу 21 ноември и 18 декември, ќе пристигнат околу 1,5 милиони навивачи. Покрај стадионите со вредност од над 9 милијарди евра, изградена е нова, и проширена старата автопатска и железничката мрежа. Според владините претставници, околу 210 милијарди евра се потрошени за инфраструктура директно или индиректно поврзана со Светското првенство.

За да уживате во спектаклот на натпреварите во Катар 2022, ќе ви требаат многу пари, цените на билетите се движат од минимум 60 евра за место со ограничена видливост – односно поглед од птичја перспектива, до 200 евра за централната трибина за натпреварите од првата фаза, додека за важните натпревари цените се зголемуваат значително, речиси 10 пати повеќе. Врвот, секако, е за финалето на 18 декември: 516 евра е минималната цена, по што следуваат 850 евра потребни за место со средна видливост, до најмалку 1.400 евра за билет на централната трибина. Овие цени ги претставуваат бројките предложени на почетокот на 2022 година, односно во првиот круг на продажбата отворена за јавност, во која беа продадени вкупно 800.000 места за 64-те натпревари од светскиот шампионат. Но, зголемувањето на трошоците поврзани со енергијата и горивото, поради руско-украинската меѓународна криза, доведе до дополнителен скок на цената на билетите која се искачи на 1.600 евра за финалето. На оние кои успеале да купат билети преку порталот на ФИФА, им било кажано дека за да влезат во Катар ќе треба да се пријават за Хаја Кард, вид привремена виза потребна за пристап до сите настани поврзани со Мундијалот, искористувајќи го бесплатниот јавен превоз. Но, ова е можеби единствената добра вест за паричникот: барањето за слободни кревети заврши во рекордно време, и затоа и трошоците за сместување и патување драстично се зголемија. Па така, доколку најдете слободно место во некое далечно предградие на Доха, ќе ви требаат најмалку 200 евра дневно само за да преспиете во соба која нуди многу малку удобности, освен клима, ако работи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Qatar Worldcup (@worldcup.2022)

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....