23:42 - 6 април, 2026

(Фото) Време е за промена: По година и пол носење кратка фризура, Нина Бадриќ одлучи да го освежи својот изглед

Помина околу година и пол откако хрватската пејачка Нина Бадриќ одлучи целосно да ја скрати косата. Оваа одлична визуелна промена тогаш ги воодушеви обожавателите на Нина.

– Добив порака: „Бејби, кога ќе се потстрижиме?“ Го напишав првиот слободен термин и тргнавме во пикси авантура. Прво, разговаравме за бојата на косата, дали треба да биде руса или остануваме во некоја природна нијанса и одлучивме дека треба да биде природна темна нијанса со чоколадна нота. Самиот процес на потстрижување беше лесен за Нина, но во мене имаше вулкан од лесна трема, адреналин и одговорност да биде најдобро од најдоброто – раскажал тогаш фризерот на Нина, Иван Перван.

Нина сè уште гордо ја носи својата кратка фризура, а по долго лето, решила малку да ја освежи.

„Враќањето кон цивилизацијата прво започнува кај фризер“, напишала Нина, позирајќи со својата разбушавена коса.

Потоа, на Инстаграм страницата на фризерскиот салон, кој се грижи за косата на Нина, се појави нова фотографија од пејачката, со потстрижена, освежена и поуредна верзија на популарната пикси фризура, која Нина ја носи толку добро долго време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Pervan (@perv.anivan)

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....