7.8 C
Скопје
10:38 - 1 април, 2026

(Фото) Видно ослабена: „Непобедливата принцеза“ Алина Кабаева се појави во Сочи; Во Русија веќе никој не зборува за неа и Путин, а Западот ја санкционираше дури и баба ѝ

Алина Кабаева, наводната љубовница на Путин повторно се појави во јавност, во Сочи, видно ослабена, за прв пат по санкциите на ЕУ, Поранешната гимнастичарка посетила школа за ритмички танц. Тоа е втор пат да се појави во јавност од почеток на војната.

Алина Кабаева се појави во јавност откако неодамна се најде на црната листа на Европската унија, како блиска до Владимир Путин. Поранешната гимнастичарка, за која се вели дека тајно е мајка на на две деца на Путин, се појави во видео кое ја прикажува во Сочи, град на Црното Море, во школо за ритмичка гимнастика со 28 деца.

Наречена е „Непобедлива принцеза“, но овојат таа е видно ослабена. Новинската агенција Московски Комсомолец додаде дека Кабаева изгледала „многу слаба и исончана. Таа разговараше со децата облечена во бели панталони, блуза со долги ракави во јоргован нијанса и кардиган“.

„Сакам да ги повикам сите да не се откажуваат: постигнете ги своите цели, не губете срце“, рече Кабаева, интервјуирана за време на нејзината посета на школото за танц. Во Русија никој веќе не зборува за неа и Путин, но западните влади продолжуваат да ја санкционираат неа и нејзиното семејство (вклучувајќи ја и нејзината баба).

Во мај, таа беше вклучена во пакетите санкции на Обединетото Кралство, САД и Канада. За ЕУ таа официјално беше и остана  „близок соработник“ на рускиот претседател.

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....