19:49 - 12 април, 2026

(Фото+видео) Зои Блаж откри дека е бремена: Инфлуенсерката објави емотивно видео со сопругот

Македонската инфленсерка и мејкап артистка Зорица Матијашиќ, или позната како Зои Блаж, веќе две години живее во Германија. Таа замина поради ракометниот ангажман на нејзиниот сопруг Тадеј Матијашиќ.

Зои Блаж е во брак со словенечкиот ракометар Тадеј, кој потекнува од стариот рибарски град Изола. Парот живее во планинско германско гратче кое се вика Зул и има население од околу 36.000 жители, а оттаму ја споделија и убавата вест за приновата која ја очекуваат.

Имено, Зои на својот инстаграм-профил објави емотивно видео и неколку фотографии држејќи балон во форма на срце и ехо-снимка, а покрај неа стои сопругот. Со тоа тие открија дека го очекуваат своето прво дете.

„Нашиот најголем благослов е на пат“, напиша таа покрај видеото.

Слични објави

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо
Се вчитува....