9.8 C
Скопје
14:02 - 27 март, 2026

(Фото+видео) Скршени дрвја, уништен автомобил…: Николина Пишек објави видеа од невремето во Загреб

Хрватска денеска ја зафати невреме, поради обилните врнежи и силниот ветар, со предупредување да не ги напуштаат своите домови, доколку тоа е неопходно.

Хрватската водителка Николина Пишек се огласи од Загреб, каде што во моментов има голема бура. Водителката објави видео каде што го покажа својот двор, кој поради силниот ветар и дожд е уништен.

Заедно со видеата од нејзиниот двор, Николина покажала и автомобил во близина на нејзината куќа, во кој паднало дрво.

– Избегнувајте го Тушканац додека не се санира – напишала таа за населбата во Загреб.

Да потсетиме, хрватските метеоролози испратија итно соопштение во кое ги предупредуваат граѓаните за големата промена на времето што ќе ја погоди Хрватска во четвртокот. За два региона е активиран највисокиот, црвен метео-аларм.

– Поради појавата на обилни врнежи од снег, дежурните метеоролози на ДХМЗ го кренаа степено на предупредување за регионот Госпиќ на највисоко – црвено (времето е исклучително опасно). Во четврток се очекува подебела снежна покривка, на некои места околу 50 см нов снег со силен бурен североисточен ветар (портокалово предупредување), поради што повремено ќе предизвика снежни бури. Се очекуваат прекини во патничкиот, железничкиот и воздушниот сообраќај, како и опасност возачите да бидат завеани, поради што се препорачува да се избегнуваат патувања што не се неопходни – пренесе „Јутарњи.хр“.

 

 

 

Слични објави

„На таа љубов не се навраќам често“: Теа Трајковска откри интимна приказна

Еспресо

Луна Ѓогани ѝ се обрати на Анастасија по години молк: „Можеби и јас ја повредив“

Еспресо

(Фото) Биба Додева во сексапилно издание, ваква не ја знаеме

Еспресо

Каспер „копа“ по минатото на Мина Костиќ: Побарал фотографии од сестра ѝ во Белгија

Еспресо

Јордан Митев сподели убави вести: Конечно се случува!

msp-admin

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....