5.8 C
Скопје
07:18 - 1 април, 2026

(Фото+видео) Маја Николиќ шокира со новиот изглед: Пејачката целосно се трансформираше, има нова боја на косата

Маја Николиќ неодамна доживеа несреќа и ја скрши ногата на пробите за „Избор 2025“. Иако ногата ѝ беше во гипс, пејачката издржа сè и се појави на сцената за време на полуфиналната вечер и беше на висина на задачата.

И покрај тоа што се уште носи гипс на ногата, тоа не ја спречува да експериментира со својот стил. Имено, пејачката објави видео на Инстаграм и ги изненади сите со нова промена.

Пејачката долги години беше русокоса, што ја правеше препознатлива, но сега реши да направи драстична промена, па косата ја обои во црвена боја и значително ја скрати.

„Ова е мојот нов имиџ“, напиша таа додека се насмевка позираше пред камерата.

Многумина не можеа да поверуваат дека се осмелила на овој чекор, со оглед на тоа дека русата коса со години е нејзин заштитен знак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maja Nikolic (@majanikolic_official)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....