7.8 C
Скопје
21:13 - 31 март, 2026

(Фото+видео) „Едноставно совршена“: Данијела Димитровска мами погледи додека плива во базен по минијатурно бикини

Манекенката и водителка на Утринската програма на ТВ Блиц, Данијела Димитровска уште еднаш покажа дека е меѓу најубавите дами на српската јавна сцена.

Имено Даниејла објави видео и фотографии од црногорското приморје кои ќе ви го одземат здивот. На видеото Данијела грациозно плива во базен по минијатурно бикини, а во еден момент во преден план е нејзиното бујно деколте и извајано тело.

„Едноставно совршена“, „Каква насмевка“, „Убава“, се само дел од коментарите под објавата.

Инаку, Данијела неодамна ја откри тајната на својот изглед.

– Пред тренинг се трудам добро да се хидрирам и секое утро пијам чаша вода со лимон. Мислам дека дури и птиците на гранката знаат дека сакам да тренирам и дека тренирам од мали нозе. Јас користам најмалку 10 до 15 минути од секој тренинг за да ги истегнам мускулите. За мене тренингот значи многу во ментална смисла, бидејќи работам многу стресна работа. Секако, понекогаш се случува да не ми се оди на тренинг, но се трудам да бидам упорна – рекла таа.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....