7.8 C
Скопје
21:27 - 31 март, 2026

(Фото + видео) Едина Муса и Александар Димитровски Мачка направија свадба: Невестата го истакна трудничкото стомаче

Едина Муса и Александар Димитровски Мачка, вчеравечер правеа свадба во скопскиот ресторан „Рагуза“. Едина во септември објави фотографија на која го гали своето стомаче, со што наговести дека е трудна.

Сега конечно парот ја круниса својата љубов со брак, а на свадбата првиот танц на младенците им го отпеа Павле Камиловски. Ова е прв брак за Едина, а втор за Мачка, кој беше
женет за нашата популарна пејачка Тамара Тодевска.

Едина за овој посебен ден одбрала бела тесна венчаница која ѝ го оцртува трудничкиот стомак, а Мачка бил облечен во класичен костум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Armend Ramadani (@armendramadani)

На веселбата присуствувале и двете деца на Мачка, Хана и Дарен, кои ги има со поранешната сопруга, Тамара Тодевска, која на својот Инстаграм профил споделила фотографија од двете деца со натпис: „Спремни за кај тато на свадба“.

На свадбата за микрофонот се фатил и Дарко Гелев-Брејк кој на младите им го честитал бракот со баладата „Лебедот бел“.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....