7.8 C
Скопје
21:52 - 31 март, 2026

(Фото+видео) Бебе Реџа во Македонија! Се вратив во родниот град на татко ми…

Познатата пејачка Бебе Реџа со етничко албанско потекло од Македонија, чија мајка е од Гостивар, а таткото од Дебар, викендов настапи на фестивалот „Сани Хил“ во Косово. Пејачката за првпат беше во посета на Косово, а тогаш за косовските медиуми најави дека додека е на фестивалот сака да отпатува и во родниот крај на својот татко.

Сега, Реџа на својот инстаграм-профил покажа дека навистина дошла во посета на Дебар и сподели неколку фотографии и видеа од моментите со своите роднини.

Пејачката уживала во дружбата со фамилијата, а му оддала ѝ почит на својот покоен дедо на локалните гробишта. Покрај фотографиите таа напиша дека фамилијата ѝ значи многу, а оваа посета ја потсетила на важноста на врските со роднините.

„По 12 години се вратив во родниот град на татко ми, во Дебар, Македонија. Повторното поврзување со моите корени и семејството беше длабоко емотивно. Посетата на гробот на дедо ми беше особено значајна, бидејќи не можев навреме да присуствувам на неговиот погреб додека бев на турнеја. Семејството ми значи сè, а оваа посета ме потсети на важноста на нашите врски“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....