06:26 - 6 април, 2026

(Фото + видео) Александра Пријовиќ на сцената само во градник и гол стомак: Со заводлив танц ја полуде публиката во Загреб

Александра Пријовиќ во понеделникот го одржа својот шести и последен концерт во Загреб во рамки на актуелната турнеја „Од исток до запад“.

И покрај тоа што беше понеделник и почеток на работната недела, загрепчани ја наполнија Арената до крај. Откако им се обрати на присутните и им се заблагодари за сѐ, пејачката ја вети лудата и најдобра забава до сега во Загреб, која и ја исполни.

Прија се пресоблече три пати минатата вечер. Концертот го започна во елегантен златен фустан со шлиц на едната страна, кој ги покажа нејзините совршено извајани нозе, а потоа следеше шок.

Фото: Принтскрин/Инстаграм
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Во вториот дел од концертот, Александра истрча на сцената во градник обложен со циркони и гол стомак. Врисоците на публиката го надополнија огнот на сцената, кој беше дел од сценографијата, додека сите коментираа дека Прија досега немала толку предизвикувачки стајлинг. За третата комбинација пејачката избра мини шорцеви и сако со светки.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....