-1.2 C
Скопје
05:40 - 3 февруари, 2026

(Фото) Тања Савиќ во кавга со сестра си? Беа неразделни, а сега таа не дојде ниту на нејзиниот 40-ти роденден

Српската пејачка Тања Савиќ е многу приврзана за семејството, па со нив и многу соработува во кариерата и ја следат на секој чекор, а нејзината сестра Биљана досега ѝ беше најголема поддршка.

Тања и Биљана Савиќ пораснале заедно во Смедерево, а како што пејачката многупати досега раскажала, имале среќно детство и прекрасен однос. Долго време била исклучително блиска со својата сестра Биљана, но бракот на Тања со Душан го променил тоа.

Според зборовите на Тања, сопругот Душан ѝ вршел притисок да се дистанцира од нејзината сестра.

„Успеа, јас со својата сестра не разговарав една година“, раскажала Тања во една прилика во емисијата „Магазин ин“ и додала: „Ми кажа дека сестра ми лошо влијае на мене, а мојата сестра е ангел, дека родителите ги сакаат само моите пари, тоа го зборуваше, но всушност тој зборуваше за себе“, рекла тогаш Тања, но нивниот однос судејќи по сè повторно се влошил.

Како што сега пишуваат српските медиуми, односот меѓу нив двете веќе подолго време е многу затегнат. Тања наводно во моментов не разговара со својата сестра, а се отследиле и на социјалните мрежи.

Тања Савиќ неодамна го прослави јубилејниот 40-ти роденден, но Биљана не се појави.

„Тања и Биљана не разговараат веќе неколку месеци. Тие дури и се отследија на социјалните мрежи, иако не ги избришаа своите заеднички фотографии. Биља не дојде ниту на нејзиниот роденден, ниту на нејзиниот концерт. Сите знаат колку беа блиски, а семејството е очајно што тие две не зборуваат. Тања страда, но таа нема да попушти. Иако не разговараат, нема да откријат поради што“, рекол извор близок на Тања Савиќ и додал:

„Тие две беа заедно нон-стоп. Биља ја следеше насекаде, на концерти, на гостувања, па дури и одеше на патувања со неа, со Муки и со децата. Сестра ѝ ѝ беше десна рака на Тања. Колку беа неразделни, доказ се и фотографиите на социјалните мрежи, кои сè уште не ги отстраниле“.

 

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ шокираше со својата реакција на прашањето за венчавката на неговата бивша, oткри дали си размениле честитки

Еспресо

(Фото+видео) Каролина Гочева со доза „рај“ од далечината: Егзотично бегство на Сејшелите со сопругот!

Еспресо

(Фото) Ги остави сите во неверување: Маја Николиќ позираше на снегот во гаќи и маичка

Еспресо

„Секој дома има свој тоалет, дури и жените што готват“: Вики Миљковиќ „плива“ во пари

Еспресо

(Видео) Првично бил во фолк-водите: Ќе се изненадите како звучел Тоше Проески на почетокот

Еспресо

Јована Јеремиќ уценувана со фотографии на кои е гола: Барале 20.000 евра, водителката се огласи

Еспресо
Се вчитува....