10.8 C
Скопје
18:40 - 12 март, 2026

(Фото) Тања Савиќ се сврши! Пејачката го покажа свршеничкиот прстен, а потоа раскажа што ѝ приредил пилотот на тајната свршувачка

Српската музичка ѕвезда Тања Савиќ долго време е во среќна врска со пилотот Мухамед Муки Бешиќ, а сега за првпат проговори за тајната свршувачка што тој ѝ ја организирал.

Тања сега откри дека не сакала премногу да зборува за свршувачката, бидејќи сакала тоа да остане интимна работа.

– Не сакав да се прави помпа, тоа беше нешто интимно и наше. Ме воодушеви… Го очекував, јас кога ќе видам прстени сум воодушевена и не се срамам да кажам дека ми се допаѓа прстенот, а тој истрча што побрзо и го купи. Беше спонтано, ништо наместено, за да се одбележи тој момент – раскажала Тања.

На прашањето дали веќе закажале свадба, Тања истакнува дека тоа не е случај.

– Го планирам, требаше да се случи овој месец, но беше одложено поради концертот во Нови Сад. Тоа ќе се случи кога ќе бидеме подготвени и мирни, а сега имаме многу обврски околу куќата. Планираме да изградиме куќа, па кога тоа ќе заврши – рекла таа.

Она што најмногу го посакува е да има уште деца.

– Само нека ми даде драгиот Бог да родам, тоа би бил најголемиот благослов. Посакувам трето дете. Би сакала да му родам дете и би сакала да родам уште едно дете за да уживам во овие зрели години – одговорила Тања во „Премиера – Викенд специјал“.

 

 

Слични објави

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо
Се вчитува....