10:51 - 13 ноември, 2026

(Фото) Славење во домот на Роквиќ! Мајката на Никола и Марко не може да ги потисне емоциите, ова е посебен ден за сите!

Во домот на семејството Роквиќ денеска е посебен ден. Имено, синот на Марко Роквиќ, Деспот, денеска го слави својот деветти роденден, а бабата Славица Роквиќ му упати емотивна порака на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slavica Rokvic (@rokvic.slavica)


– Радост моја, како вчера да беше, кога солзите радосници на баба ѝ се лизнаа по лицето, слушајќи го твоето прво плачење кое како гонг го означи твоето раѓање. Боже, каква среќа ми букна во градите. И сега кога ќе се сетам на тоа, се будат чувства кои забораваат на ритмичноста на моето срце. Баба и дедо летаа на крилјата на неописливите, најубавите емоции. Танцувајќи по тактовите на валцерот на сопствените чувства, возбуда на возвишениот чин, носени од љубовта што се родила во тој момент. Љубовта помеѓу нас, родителите на твојот татко и тебе, неговото дете. Чедо, на моето чедо, среќен деветти роденден, да живееш стотка во здравје и љубов. Те бакнува и те сака твојата баба – напишала Славица и објавила фотографија од момчето, кое талентот за пеење го наследил од дедо му Маринко, чичкото Никола и таткото Маринко.

Да потсетиме, Марко и неговата сопруга Сара имаат и помала ќерка. Нивната љубов, инаку, датира уште од средношколските денови, но тогаш само се дружеле, за подоцна да стапат во врска. Исклучително добро се сложуваат, семејната хармонија им е на прво место и блиски се со Никола и неговата сопруга Бојана.

 

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....