7.8 C
Скопје
21:25 - 31 март, 2026

(Фото) Шакира пак му донесе среќа на Луис Хамилтон: Многу повеќе од пријателство

Колумбиската уметница уште еднаш му донесе среќа на британскиот возач кој застана на подиумот во Силверстоун.

Ова беше најочекуваниот момент од викендот. Откако беше потврдено дека Шакира е во Лондон, нејзините обожаватели го чекаа нејзиното појавување на Силверстоун, каде Луис Хамилтон се натпреваруваше на британското ГП во Формула 1.

Неизбежно стигна и потврдата. Тоа преку социјалните мрежи го потврди и самата Шакира со видео. Фотографиите на Колумбијката во падокот на Мерцедес за кусо време станаа хит на социјалните мрежи. А гласините дека е во врска со Хамилтон повторно се разгореа.

За волја на вистината, Шакира поддржуваше во последно време и други спортисти додека се натпреваруваа, како што е случајот со НБА играчот Џими Батлер и Мајами Хит во финалето на НБА.

Во случајот на Луис пак, се чини дека континуитетот со текот на времето сугерира дека има нешто повеќе од пријателство. Особено што Шакира, на последните две Гран При, на кои таа дојде да го бодри, Британецот застана на подиумот. Ова не е многу вообичаено за седумкратниот светски шампион во последно време.

Хамилтон беше разбирливо воодушевен откако го освои третото место на неговата домашна трка во Силверстоун. По трката, возачот беше виден со навивачите, а сакајќи да им се заблагодари, дури и се качи на оградата каде што се снимаше со својот мобилен телефон додека добиваше овации.

Но, и Шакира ја искористи посетата на Лондон за да најави можната нова соработка во нејзината професионална кариера.

Откако се прошета низ париската модна недела и ги изненади своите француски фанови со неодамнешното издание на „Copa vacia“, таа продолжува да подготвува нови проекти.

Еден од нив, како што откри таа на социјалните мрежи, ќе биде со познатиот продуцент Дејвид Стјуард.

 

 

 

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....