03:36 - 3 април, 2026

(Фото) Се смета за „бункер на милијардери“: Џеф Безос купи замок на островот Индијан Крик

Џеф Безос купил имот вреден 68 милиони долари на вештачкиот остров Индијан Крик, Флорида. Островот го нарекуваат и „бункер на милијардери“, и секако, не секој може да стекне имот таму, а најчесто е на покана.

Иако Џеф Безос го помина поголемиот дел од летото крстарејќи на својата огромна јахта со својата свршеница Лорен Санчез низ Јужните мориња, сега тој јасно одлучи да се смести во САД во неговиот нов луксузен дом.

Според Блумберг, основачот на Амазон потрошил 68 милиони долари на огромен имот на направенениот вештачки остров во близина на брегот на Мајами.

Новиот дом на Безос, гугл мапс

Домот се наоѓа на 2,8 хектари и е приближно 9.300 квадратни метри. На територијата има базен и пристап до плажа, а во самата куќа има три спални соби. Последен пат куќата е продадена за 1,4 милиони долари во 1982 година.

Малку се знае за конкретниот дом што го купил Безос, а милијардерот допрва треба јавно да го потврди купувањето, иако Блумберг објави дека Безос е во преговори за стекнување на повеќе имоти во областа.

Островот, наречен „Бункер на милијардери“, е на 20 минути возење од Мајами и има само 41 станбени парцели.

Бункер на милијардери, гугл мапс

Безос ќе живее меѓу другите милијардери и познати личности кои го нарекуваат островот дом, вклучувајќи ги легендата на НФЛ Том Брејди, Џеред Кушнер и Иванка Трамп, инвеститорот Карл Ајкан и поранешниот извршен директор на Sears, Еди Ламперт.

Ова не е прв имот од оваа големина или ценовен опсег што Безос го купил во последниве години. Тој претходно купи комплекс на Беверли Хилс (во 2020 година) од 165 милиони долари и имот на Хаваи од 78 милиони долари во 2021 година со приватна плажа.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....