-0.2 C
Скопје
18:19 - 22 декември, 2024

(Фото) Сè што знаеме за неверојатната вила на вода на која Бијонсе и Џеј Зи крстарат долж хрватското крајбрежје

Одењето на „мал одмор“ добива поинакво значење кога вашата нето вредност како двојка се приближува до 1,5 милијарди долари. Секое лето, славната двојка Бијонсе и Џеј Зи од А листата одат на продолжен одмор на егзотични места, но веќе трепат доаѓаат на одмор и во нивната омилена Хрватска, па така и летово 2022. 

Позната е страста за јахти на славниот пар. Во претходните години, Бијонсе и Џеј беа на насловните страници поради изнајмување на некои од најпознатите и најлуксузни мегајахти во светот, како што се LANA и The Flying Fox, за кои првично се веруваше дека му припаѓа на шефот на Амазон Џеф Безос, но оттогаш јахтата е поврзана со руски олигарх и моментно е „ во пензија“ поради санкциите воведени кон руските богаташи.

За летото 2022 година, Џеј и Бијонсе се одлучија за суперхајтата Фејт.

Во понеделникот, тие го започнаа својот одмор со крстарење покрај брегот на Хрватска, пишува британскиот таблоид Дејли Мејл. Папараците веќе успеаа да ги фотографираат, иако фотографиите се матни – но сепак се гледа дека славниот пар е на одмор со децата и телохранителите, и прават „секојдневни“ работи како што се сонцање, фотографирање на децата и уживање во пијалак.

Фејт, иако е релативно постара јахта (испорачана во 2017 година), останува една од најпопуларните чартер платформи за најбогатите луѓе во светот. Затоа, ќе се фокусираме токму на неа.

Испорачана како Вертиго во 2017 година од Feadship, Фејт (Faith) е џиновска мегајахта долга 96,6 метри (317 стапки) дизајнирана за големи забави.

Нуди сместување за 18 гости и 32 членови на екипажот, во мастер апартман (со сопствена палуба), два ВИП апартмани, четири двокреветни и две конвертибилни соби, така што има многу простор за пријателите и семејството на парот, како и за сите членови на персоналот што ги донесоа со себе.

Во однос на погодностите, Faith го нуди најдоброто искуство што може да се купи со пари. Изнајмување на ваква јахта почнува од 1,3 милиони долари неделно во лето и 1,5 милиони долари неделно во зима, но земете предвид само дека се работи за мегајахта од 200 милиони долари.

Погодностите вклучуваат хеликоптер и хангар за хеликоптер, базен со стаклено дно со водопад, неколку џакузи, голема теретана, целосен спа и велнес центар, отворена трпезарија со фурна за пица, скара и огниште, плажа – клуб (на преклоп) и неколку салони на отворено, како и внатрешни салони, и простории за релаксација.

Јахтата е сопственост на канадскиот милијардер Лоренс Строл, кој исто така е делумен сопственик на тимот на Астон Мартин Ф1 и познат колекционер на винтиџ Ферари.

Фејт е повеќе пати наградуван, меѓународно признат брод. Обезбедува и извонредни перформанси благодарение на двојните дизел мотори MTU 16V 4000 M63L со 3.000 КС и луксузните погодности кои како да не се од овој свет. Накратко, Фејт е совршена мегајахта за славна двојка навикната на најдоброто од најдобрите.

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....