23:11 - 6 април, 2026

(Фото) Се огласи „Господин совршен“: Еве што рече по објавувањето на интимните фотографии со Маја на јахтата

Откако хрватскиот портал „24сата“ објави ексклузивни фотографии од пејачката Маја Шупут (44) во интимно друштво со Шиме Елез (27) на луксузна јахта недалеку од островот Брач, се огласи и самиот Шиме.

– Секогаш сум бил транспарентен, па така и сега. Во објавениот текст најмногу ме погодија погрешните информации дека Маја ми донела овошје, бидејќи јас никогаш не би си дозволил таков пропуст. Имено, јас нејзе ѝ го донесов овошјето. Освен тоа, ви посакувам на сите пријатен остаток од летото и на сите да ви биде како мене. Од срце. Поздрав со текстот на песната „Сутра ми суде“, од легендарниот Мишо Ковач – рекол Шиме за РТЛ.

Инаку, Шиме е ѕвездата од реалното шоу „Господин Совршен“, и навистина изгледа совршено!

Да потсетиме, „24сата“ поседува ексклузивни фотографии од читател, и тие не оставаат многу простор за сомнеж – страстите помеѓу Маја и Шиме се разгореле на палубата!

– Лежеа и уживаа во сонцето. Маја лежеше врз него, се бакнуваа и се галеа без оглед на љубопитните погледи. Во еден момент, таа стана, отиде да земе овошје и се врати со чинија што внимателному ја донесе на Шиме – рекол читател за „24сата“, кој случајно се нашол во близина.

Парот претходно беше снимен во Сплит како се качува на приватна јахта.

– Бевме на Рива. Тие требаше да отпловат кон Брач. Шиме се обиде да се скрие, но не успеа, додека Маја не ги криеше премногу своите емоции. Дури и прашаа каква е сезоната – рекол друг читател кој прикачи дополнителни фотографии.

Фотографиите од Маја и Шиме можете да ги погледнете – ТУКА.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....