16:03 - 10 април, 2026

(Фото) Прошталната порака на ќерката на Бојана Јанковиќ ја кине душата: Наследничката на покојната водителка се скрши! 

Ќерката на покојната спрска водителка Бојана Јанковиќ јавно се прости од мајка си!

Популарната водителка Бојана Јанковиќ почина на 19 април 2024 година во Белград, на 46-годишна возраст. Водителката на култното шоу „Сити“ беше пронајдена во станот, а јавноста беше шокирана од веста за нејзината ненадејна смрт.

Последната објава на Бојана на социјалните мрежи била на Инстаграм и била посветена на нејзината наследничка Зоја, која пред осум недели го прославила 15-тиот роденден.

„Среќен роденден, прво дете на мама. 15 години најголема среќа“, напишала Бојана пред недели во рамките на својата објава и ја споделила фотографијата на својата ќерка.

Под оваа објава се појави трогателен коментар. Имено, една од двете ќерки на Бојана оставила проштална порака од својот приватен профил.

„Ми недостигаш мамо“, напишала една од ќерките на Бојана од профилот што го следеше и самата водителка.

За потсетување, Бојана во бракот со музичарот Огњен Јанковиќ доби две ќерки Зоја и Искра. Бојана и Огњен ставија точка на бракот во јуни 2022 година, по 15 години брак. Музичарот потоа го напуштил станот во кој живееле. Во едно од интервјуата Огњен зборуваше за љубовта со Бојана.

– Нè запозна еден од моите најдобри пријатели, Милан, кој сега, за жал, е починат, а тоа ѝ дава малку филмски шмек на нашата приказна. Тоа беше кај него во локалот што го поседуваше и рече дека мора да нè запознае, како да проценил дека ќе се споиме еден со друг. Тоа беше судбоносна средба – открил тогаш Јанковиќ, кој по разводот стапи во врска со српската актерка Милена Радуловиќ.

 

Слични објави

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin

Татин син: Миро Кацаров објави посебна фотографија од малиот Тадеј

msp-admin

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

E.A.

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

E.A.

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.
Се вчитува....