22:29 - 6 април, 2026

(Фото) Посебен повод за Лепа Брена и Боба: Пејачката по концертот во Загреб објави заедничка фотографија со сопругот

Лепа Брена одржа велелепен концерт во петокот вечерта пред 15.000 луѓе во загрепската Арена., додека синоќа го одржа вториот. Ја очекуваат уште три закажани концерти во Арената.

Брена по концертот објавила фотографија од публиката на Инстаграм и кратко порачала: „Ви благодарам“.

Пејачката потоа објави фотографија од младоста со сопругот Слободан Боба Живојиновиќ. Имено, парот ја прослави 33-годишнината од бракот.

„Овој концерт беше од посебно значење за Лепа Брена од неколку причини: На овој одличен проект работиме од февруари, ние сме навистина голема екипа, славиме долга кариера, но тука е и мојот сопруг Боба, со кој денеска ја славиме нашата 33-годишнина од брак. Ве молам еден голем аплауз за Боба“, рекла таа на крајот од првиот концерт.

Инаку, Лепа Брена на првиот концерт во загрепската Арена пристигнала со хеликоптер, а кога го започнала својот голем хит, песната „Југословенка“, заедно со неа едногласно запеале повеќе од 15.000 луѓе.

Брена во загрепската Арена го одржа вториот концерт синоќа, а ја чекаат уште концерти на 9 и 10 декември, за кои сите билети се распродадени. Влезниците сè уште се достапни за петтиот концерт кој ќе се одржи на 16 декември.

Слични објави

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.
Се вчитува....