21.8 C
Скопје
18:19 - 5 април, 2026

(Фото) Погледнете како зетот ја изненади Цеца Ражнатовиќ: „Мојата најдрага тешта! Те сакам“

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ вчера го прослави својот 52-ри роденден во кругот на семејството и пријателите, а нејзиниот зет Немања Гудељ јавно ѝ честиташе.

На својот профил на Инстаграм, Немања Гудељ сподели фотографија со Цеца, на која ѝ упати емотивни зборови.

– Среќен роденден на мојата најдрага тешта. Те сакам – напиша Гудељ, со што ги воодушеви своите следбеници и покажа колку е блиска неговата врска со мајката на неговата сопруга Анастасија Ражнатовиќ.

Да потсетиме, славеничката откри какви се нејзините желби за оваа година.

– Па, немам никакви нови желби. Најважно за мене е да сме сите заедно, да се сакаме, мислам на моето семејство, да се држиме заедно, да растеме заедно, да сме живи и здрави, некои лични желби да бидам здрава, силна, енергична, да бидам полна со позитивна енергија, да бидам опкружена со позитивни луѓе кои ги сакам и кои ме сакаат мене, да ми се зголемува публиката, да продолжам да имам вакви прекрасни концерти. Тоа се некои од моите желби – рекла пејачката.

 

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....