03:23 - 12 март, 2026

(Фото) Пари летаат на сите страни! Анабела го прослави 50-тиот роденден, а пејачот го опсипувале со банкноти

Александар Мисојчиќ Ксандер бил еден од гостите на 50-тиот роденден на пејачката Анабела Атијас. Анабела и младиот пејач се пријатели и соработници, па Ксандер решил да пее на роденденската забава на својата колешка, а како што можете да видите на фотографиите, потегот се исплател.

На видеата кои пејачот ги сподели на социјалните мрежи, може да се види дека заработил сериозна сума, бидејќи гостите не престанале да го опсипуваат со пари.

 

Во одреден момент од прославата, на Ксандер му се придружила и Анабела со која пејачот често настапува и тие го отпеале добро познатиот хит „У твојим колима“.

Ксандер рекол дека не може да поверува дека Анабела наполнила 50 години и дека и по дух и по изглед наликува на 25-годишна девојка.

– Секоја колешка која е помлада од неа може да ѝ позавиди на нејзината енергија, начинот на кој работи и сè што прави. Често работиме заедно и нејзината енергија е навистина нешто посебно и луѓето ја обожаваат – рекол Ксандер.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....