Александар Сале Цветковиќ, фронтменот на „Тропико бенд“, по разводот со пејачката Јована Пајиќ во 2021 година, си најде нова девојка. Како и секогаш досега, Сале се труди својот приватен живот да го држи скриен од очите на јавноста, па не ја ни експонира новата девојка, но тоа не го крие и во моментот е многу вљубен.
Сепак, Сале сè уште не ја претставил својата нова девојка во јавноста, но екипата на емисијата „Папарацо лов“ за првпат го фатила пејачот со неговата девојка.
– Пејачот со ќерките и со девојката бил во трговски центар, каде заедно шетале и играле. Таа и Сале се слични по висина, неговата партнерка има кратка права коса и пирс на носот. Дека добро се согласуваат говори и тоа што дури сакаат и да се облекуваат исто, да имаат сличен имиџ, бидејќи и девојката носи и шешир и очила.
– Многу сум добро. Емотивно сум исполнет, супер живеам, еден убав и мирен живот и уживам во секој ден. И духовно и љубовно. Мојата претходна врска ја имавте на лажичка, па сега не би зборувал многу. Меѓу другото, и за доброто на моите деца, да ги заштитам од тоа – изјавил неодамна пејачот.
– Бидејќи по подолг период сними нови песни, раскажал како неговата поранешна сопруга реагирала на нив и дали ѝ се допаѓаат со оглед на тоа дека се занимаваат со истата работа.
– Јована ги слушна сите песни што ги направивме и вели дека се одлични. Пред малку разговаравме и сè е во ред. Таа добро го коментира сето тоа, бидејќи ние сè направивме добро – изјавил Сале смеејќи се и накратко се осврнал на темата развод.
– Никогаш не сум обрнувал внимание на насловите бидејќи знам што има во моето срце и што има во мојата куќа. Тоа се тешки работи, но по дождот мора да огрее сонце, а сега на сите ни огреа. Тој период на тешкотија е зад нас, па сега сите сме среќни и задоволни луѓе со големи деца и јас и Јована гордо го истакнуваме нашето супер пријателство. Се трудиме да бидеме добри родители бидејќи дома имаме тинејџерка, која се интересира за сè – рекол Сале.
Да потсетиме, Сале и Јована на крајот на 2021 година ја информираа јавноста дека одлучиле да се разделат, по 10 години брак. Тие тогаш ја замолија јавноста за приватност додека минуваат низ овој процес, пред сè, заради своите ќерки.