20:08 - 5 април, 2026

(Фото) Отстранет муралот посветен на Јована Јеремиќ: Ова е Дорчол, се знае што може тука

Неодамна српската водителка Јована Јеремиќ покажа дека како еден дел од роденденскиот подарок добила мурал со нејзиниот лик на Дорчол. Сепак, како што сега се наведува, тој е отстранет.

Наводно, според српски „Курир“, соседите решиле да го отстранат, а еден од нив се огласил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

– „Префарбан е. Жителите на зградата сметаат дека муралот не треба да биде таму. Се организираа и го префарбаа со боја. Тоа е сè што сакам да кажам, не би навлегувал во оваа приказна, ова е Дорчол, знаете чиј мурал може да се одржи“, рече еден жител на Дорчол.

Сепак, Јована многу брзо се огласи на својот инстаграм-профил и откри дека муралот е само преместен на друго место.

„Муралот е преместен. Не е уништен. За сите душегрижници. Ве сакам и сакам да доживеете некој да ви праќа разгледница, а камоли да ви посвет мурал“, напишала Јована во објавата.

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....