9.8 C
Скопје
19:17 - 12 март, 2026

(Фото) „Ние како да не старееме“: Зорица Брунцлик објави фотографија на која се собра кремот на естрадата

Зорица Брунцлик присуствуваше на приватна прослава на која се собра кремот на јавната сцена.

Нејзината колешка Снежана Ѓуричиќ имала огромна причина за славење и сакала сите да присуствуваат на прославата што таа ја организирала.

Снежана го прославила роденденот на внукот и за таа прилика одржала свеченост во својот дом. Меѓу гостите била и Зорица која на својот Инстаграм профил споделила малку од атмосферата, а сите се воодушевиле кога виделе кои сите се собрале на една маса.

Во елитното друштво седеле Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Оцокољиќ, менаџерот за забава Бранислав Бане Обрадовиќ, сопругата на пејачот Аца Пејовиќ, хармоникашот Александар Софронијевиќ, Ана Бекута , Миша Мијатовиќ и секако Зорица, Кемиш и домаќинката Снежана.

– Го славиме полнолетството на внукот на Снежана, Милош. Како лета времето… а ние како да не сме остареле – напишала Зорица под објавата која има над илјада лајкови.

Цела вечер во домот на Снежана владела одлична атмосфера, се пеело, се играло и се уживало, а гордата баба била меѓу највеселите.

Слични објави

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо
Се вчитува....