7.8 C
Скопје
10:30 - 1 април, 2026

(Фото) На Флавио Бриаторе му успеа тоа за што сонуваат многу мажи – „тројка“

Тој, таа, другaта и третата. Флавио Бриаторе успеа во тешка задача за повеќето: повторно да се обедини (за фотографирање) со најважните жени во неговиот живот. Претприемачот беше овековечен на Гран при на Формула 1 во Монако со Елизабета Грегорачи, Наоми Кембел и Хајди Клум. Три жени кои на важен начин го одбележаа неговиот љубовен живот.

Еве ја фотографијата која стана вирален хит во последните неколку часа на која позира насмеаната и среќна четворка на која ѝ позавидуваат луѓето на социјалните мрежи. Фотографијата, всушност, ја сподели Бријаторе на својот Инстаграм профил. И многумина ја пофалија ова дружба меѓу бившиот парнер на фотографираните убавици, без гнев една кон друга. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Flavio Briatore (@briatoreflavio)

Елизабета Грегорачи е „најтазе“ љубов на Флавио Бриаторе, се венчаа во 2008 година, и добија дете во 2010, Нејтан Фалко. Тие се разделија во 2017 година, но останаа во одлични односи, особено за добро на нивниот син. Двајцата бивши, всушност, заедно поминуваат време во забави, ги слават годишнините, родендените… А на социјалните мрежи отсекогаш биле ценети токму поради нивната способност да останат обединети и по разводот.

Хајди Клум пак, беше многу важна љубов во животот на Флавио Бријаторе. Во 2004 година, Лени е родена од нивната врска. Но, тие двајца се разделиле пред раѓањето на нивната ќерка и бизнисменот никогаш не ја призна. Неодамна, сепак, тврдеше дека е во добри односи со ќерката на германската супермоделка.

Љубовта со Наоми Кембел, од друга страна, е најстарата и најозборувана љубовна приказна на претприемачот. Пред Црната Венера, тој беше во брак со манекенката Марси Шлобом од 1983 до 1987 година. Флавио и Наоми беа во славна и страсна врска од 1998 до 2003 година, врска полна со кавги и помирувања, непромислености и гласини.

Денес сите три убавици изгледаат среќни и мирни во друштво на нивниот екс – богаташот Флавио Бриаторе.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....