7.8 C
Скопје
10:24 - 1 април, 2026

(Фото) Меси потроши над 200.000 евра на колегите од репрезентацијата: Баш се фраерски подароците!

Најдобриот играч на последното Светско првенство и капитен на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси на соиграчите од националниот тим им купи 35 iPhone 14 со позлатени маски и имиња на фудбалерите, телефоните имаат и свои броеви на дресот, како и логото на Аргентина.

Така капитенот на Аргентина изрази благодарност до соиграчите кои му помогнаа да го освои Светското првенство во Катар.

– Чест ни е да им ги доставиме овие подароци на соиграчите на Лео и на стручниот штаб на националниот тим. Тоа е негов подарок за освојување на титулата – изјави Бен Лијонс од компанијата „Индизајн Голд“.

Меси наводно потрошил над 200.000 евра за подароци за колегите од репрезентацијата.

– Лео е еден од нашите најлојални клиенти. Ни се јави неколку месеци по завршувањето на Светското првенство и рече дека би сакал да им подари нешто посебно на соиграчите за да ја прослават голема победа. Не го сакаше вообичаениот подарок, часовници, па му го предложив ова и тој беше воодушевен – изјави Лијонс.

 

 

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....