-1.2 C
Скопје
05:00 - 11 март, 2026

(Фото) Меган Фокс и Машин Ган Кели планираат свадба: Глумицата ги засени сите со раскошно деколте

Актерката Меган Фокс, позната по улогата во „Трансформери“, во јавноста се појави во фустан со длабоко деколте, а на присутните им „паднаа вилиците“.

Меган Фокс (37) присуствуваше на промоцијата на новото издание на списанието Спортс Илустејтед (Sports Illustrated) кое е со неа на насловната страница. Настанот се случи минатиот петок, на 19 мај, во хотелот Хард Рок во Холивуд.

За дотерување глумицата избра тесен фустан долг до подот со длабоко деколте кој ја истакнува нејзината прекрасна фигура. Во есента 2022 година, се зборуваше дека ѕвездата на „Трансформерси“ направила пластична операција за зголемување на градите.

Меган Фокс на овој настан на црвениот тепих беше без нејзиниот вереник Машин Ган Кели, но тој подоцна се појави во нејзино друштво на забавата.

Минатиот јануари парот ја објави свршувачката, но една година подоцна беа на работ на раскинување. Според Пипл, љубовниците го одложиле планирањето на нивната венчавка, но таа сепак ќе се случи до крајот на годината.

„Тој прави се што може за да ја врати врската во хармонија, но и таа го тера да работи на врската. Сепак, сè уште е нездрава динамиката и нивните пријатели едноставно не веруваат дека врската ќе трае долго“, вели изворот за Пипл.

Друг извор пак тврди дека парот веќе ја планира свадбата, а оваа веројатност се потврдува со тоа што повторно се вратија заедно на црвениот тепих и на забавите пред очите на фотографите.

Инаку, Меган Фокс и нејзиното момче Машин Ган Кели неодамна заедно се појавија на црвениот тепих, за прв пат по долго време.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....