22:36 - 5 април, 2026

(Фото) Прва прошетка на Марија Шерифовиќ со синот: „Само ние двајца…“

Српската пејачка Марија Шерифовиќ неодамна со раѓањето на синот Марио почна да ги живее најубавите денови во животот, а сега сподели видео од нивната прва прошетка.

Гордата мајка, која доби син од сурогат-мајка во Лос Анџелес, одлучила да ужива уште малку со својот син во Америка, а снимила и видео од нивните заеднички моменти.

Заедно со видеото, Марија ја објавила песната „Just the Two of Us“, што во превод значи „Само ние двајца“. На фотографијата можете да видите количка, шишиња и прекривач, но и како пејачката ужива со своето бебе.

Да потсетиме, момчето Марио е родено во клиника во Лос Анџелес на почетокот на декември 2023 година.

Марија во тајност ги чува информациите за тоа кој е таткото, но и која е жената која го родила нејзиното дете.

Сепак, таа одлучи да проговори за односот со сурогат-мајката, кога истакна дека имале многу близок однос.

– Ова е жената која помогна да се исполни мојата најголема животна желба. Имавме најблизок можен однос, секој ден разговаравме на телефон, заедно ги поминувавме сите предизвици на бременоста, заедно одевме на прегледи… – изјавила Марија и открила како дошло до тоа да се одлучи за сурогат-мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....