15:50 - 31 јануари, 2026

(Фото) Марија Шерифовиќ го прекина концертот во Осиек и му се обрати на момче од публиката: „Дали си приморан да го правиш ова?!“

Instagram

Српската пејачка Марија Шерифовиќ одржа спектакуларен концерт во саботата, на 23 ноември, во салата Градски врт во Осиек пред илјадници обожаватели, од кои повеќето биле жени.

Сепак, Марија забележала и неколку мажи во публиката, а еден од нив стана ѕвезда на вечерта.

Во разговор со девојка од публиката, Марија прашала за мажот покрај неа:

– Како се викаш? Матеа? Кажи ми Матеа, кој е тој господин до тебе? Морам да те прашам, но немој да лажеш. Дали беше натерана да дојде? – ја прашала Марија девојката од публиката и се насмејала.

– Кралу, како се викаш? Мирослав. Гледам, изморен си. Дали работеше денеска, кога се разбуди? Во 5:30? А од каде дојдовте? Од Орашје… И ти работеше како коњ, ја испочитува девојката и дојде да слушате тажни женски песни? Па, ти аслужуваш аплауз од мене. Секоја чест, такви мажи има малку – го пофалила Марија.

Публиката одговорила со громогласен аплауз, додека Марија уште еднаш го докажала својот шарм и хумор на сцената.

Да потсетиме, Марија Шерифовиќ настапи во Осиек во рамките на турнејата „Доаѓа љубовта“. Посетителите на салата Градски врт уживаа во нејзините најголеми хитови како „Молива“, „Далеко си љубови“, „Другачија“, „Бол до лудила“, „Знај да знам“, „Паметна и луда“, „Није љубав тоа“ и многу други.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ExtraFM/ExtraTV (@extra_fm)


– Да имав толку долги раце, би го гушнала секој од вас, но бидејќи немам, ќе дадам сè од себе овој концерт да биде најдобар во вашиот живот – и рекла Марија на воодушевената публика.

Ова беше нејзиниот прв голем солистички концерт во Осиек, а публиката ја поздрави со громогласен аплауз и скандирања: „Маре, ние те сакаме!“.

Во текот на вечерта доби и подарок од обожавателка – шал со панди, на што на хумористичен начин искоментира:

– Не го носеше? Дали е нов? Добро, но сепак мириса на парфем.

Емотивната кулминација на концертот беше моментот кога таа ја изведе „Молива“, песната што ѝ донесе победа на Евровизија во 2007 година.

 

 

Слични објави

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо
Се вчитува....