2.8 C
Скопје
23:35 - 11 март, 2026

(Фото) Марија Микиќ повеќе не изгледа исто: По разводот се одлучи на драстична промена 

Пејачката Марија Микиќ неодамна се разведе од сопругот Јован, со кого има две деца, а сега одлучи да направи голема промена во изгледот. На својот Инстаграм-профил, Марија сподели фотографија од фризерски салон, на која покажа дека ја скратила косата драстично.

Многумина во коментарите истакнаа дека новиот стил ѝ стои феноменално, пренесува „Блиц“.

Марија Микиќ за разводот

Да потсетиме, Марија неодамна зборуваше за разводот од Јован и нагласи дека со поранешниот сопруг останала во добри односи.

„Јован и јас сме во супер односи, одлично функционираме. Најважно ми е што е тој добар татко – а тоа навистина е. Се слушаме, ги зема децата, ги враќа, преспиваат кај него, сè е по договор. Тоа носи мир. Зарем би се развела ако не можам да го гледам со нова девојка? Тој секогаш ќе ми биде пријател, и заедно ќе ги изведеме децата на прав пат во ова лудо време. Сè друго е онака како што треба да биде – одиме понатаму“, изјави пејачката, додавајќи дека во моментов нема нова љубов.

„Фокусот ми е на мене, на децата и на кариерата. Сè ми беше некако на половина две бремености, болест … Заборавив колку можам и што можам. Не ми приоѓаат мажи – ми пишуваат жени. Тие се мојата публика“, откри таа низ насмевка.

Со оваа промена, Марија уште еднаш покажа дека по тешкиот животен период, е подготвена да продолжи со нова енергија и самодоверба.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....