15:30 - 12 ноември, 2026

(Фото) Македонски музички ѕвезди со изведба на песната „Инсјеме“ од Тото Котуњо: Еве кои запеаа заедно

Голем број на македонски поп и фолк изведувачи се обединија за заеднички да ја препејат песната Insieme („Заедно“), како дел од иницијативата на ЦИВИЛ Медиа за промоција на европските вредности, градењето на општествената кохезија и полноправното членство во Европската Унија.
Во аранжман на Владимир Дојчиновски – Дојчин и Давор Јорадновски, македонскиот дел е дело на Борче Нечовски, песната ја изведуваат Тијана Дапчевиќ, Кристина Арнаудова, Никола Перевски – Пере, Елена Петреска, Елена Велевска, Зуица Лазова, Анастасија Петреска, Виктор Апостоловски, Благоја Грујовски, Лидија Кочовска, Ѓоко Таневски, Мики Јовановски – Џафер, актерите Адријан Азири и Ана Стојановска и други, денес беше претставена пред македонската јавноста.

Песната претставува почеток на иницијативата која симболично го носи насловот „Заедно“, според познатата песна „Инсиеме“ на Тото Кутуњо со која тој победи на Евровизија во Загреб, 1990 година.
Оваа иницијатива претставува придонес кон определбата на македонското општество за членство во ЕУ и приклучување кон големото европско семејство на демократски и суверени нации.

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....