19:03 - 14 септември, 2026

(Фото) Мајката на покојната Дона Арес му се обрати на Халид Бешлиќ додека тој ја води својата најголема битка: Никого не остави рамнодушен

Ајка Колаковиќ му посвети емотивен пост на Халид Бешлиќ, кој мораше да ги откаже сите концерти поради неговата сериозна здравствена состојба.

Откако пред неколку недели во регионалните медиуми одека веста дека 71-годишниот босански пејач Халид Бешлиќ е хоспитализиран поради лошата здравствена состојба и морал да ги откаже концертите коишто со месеци биле резервирани во целиот регион, тоа предизвика бројни реакции од неговите обожаватели.

Потоа, пристигнаа и нови детали за неговата здравствена состојба од неговиот менаџер Недим Срњ, кој за „Кликс.ба“ изјави следново: „Халид во моментот е префрлен на клиниката за онколошки пациенти и сега се чувствува добро, прима терапија и оди на подобро. Воедно би сакал да ги демантирам сите гласини што кружеа во последните денови, а тоа е дека органите на Халид откажале и дека е лошо, ништо од тоа не е вистина“, порачал Недим за споменатиот медиум.

Сега, преку социјалната мрежа Инстаграм, мајката на покојната босанска пејачка Дона Арес, Ајка Колаковиќ, му даде голема поддршка на Халид, бидејќи и тој беше покрај нејзината ќерка кога таа поминуваше низ тежок период од животот и се бореше за својот живот, беше болна од рак.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AJKA KOLAKOVIC (@ajka_kolakovic_)


Таа објави нивна заедничка фотографија и истакна: „Што да кажам, Халид Бешлиќ, пред сè, добар човек, па уметник. Човек кој живее во симбиоза со народот, пее за народот од срце, а народот му ја враќа таа љубов од сè срце. Брзо закрепнување легендо, наша поддршка. И вие несебично ѝ дадовте поддршка на нашата Дончи, каква што само ти знаеш“, порачала мајката на Дона Арес во описот на фотографијата.

 

 

 

 

Слични објави

Жешки сцени од спалната соба — Теодора Џехверовиќ направи хаос на социалните мрежи

Е.А.

(Фото) „Мојот херој“: Емотивна приказна за помалиот син на Панчо, Марјан

Еспресо

Љубов за која сите зборуваа — Анѓелка го остави мажот, па се омажи за неговиот близок пријател

Е.А.

„На земјава ти си најдобрата“: Романтичен гест на саксофонистот Папаз за сопругата

Еспресо

Ана Бекута објасни зошто ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ по 12 години

Е.А.

(Фото) Брутално претепана инфлуенсерката и пријателка на Дарко Лазиќ! Ја нокаутирал, па ја влечел по подот

Еспресо
Се вчитува....