22:52 - 13 ноември, 2026

(Фото) Лиjам Пејн оставил тестамент: Еве на кого ќе му припаднат 38 милиони долари од трагичниот починатиот пејач

Музичарот и поранешен член на бендот „Уан дајрекшн“, Лијам Пејн, почина на 16 октомври 2024 година на 31-годишна возраст, откако падна од балкон на хотелска соба во Буенос Аирес, Аргентина.

Кој го наследува имотот на Лијам? Како што пишува „Дејли мејл“, седумгодишниот син на Пејн, Беар Греј Пејн ќе го добие милионското наследство од починаиот пејач. Инаку, Лијам синот го доби во бракот со британската пејачка Шерил Кол.

Погребот на Лијам Пејн ќе се одржи денеска, ќе биде затворен за јавноста, ќе се соберат само семејството и најблиските пријатели, а „Дејли мејл“ дознава дека четворицата членови на бендот „Уан дајрекшн“ – Хари Стајлс, Зејн Малик, Луис Томлинсон и Ниал Хоран ќе присуствуваат на погребот.

Како што пренесува „Дејли мејл“,  Пејн оставил наследство од околу 70 милиони долари.

Според нивното пишување, повеќе од половина од сумата ќе наследи неговиот син Беар Греј Пејн.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cheryl (@cherylofficial)


Пријателите на покојниот пејач откриле дека тој пред неколку години склучил договор, своевиден тестамент, според кој, во случај на ненадејна смрт, парите ќе ги наследи неговото единствено дете, без разлика што живееле илјадници милји подалеку еден од друг, бидејќи Пејн многу време поминувал во Америка. Тој му оставил на синот над 38 милиони долари, пишува „Дејли мејл“.

Лијам Пејн трагично загина откако падна од балкон на хотел во Буенос Аирес во средината на октомври. Тој претходно јавно зборуваше за проблемите со менталното здравје и зависностите со кои се бореше. Имено, тој призна дека тешко се справувал со славата и дека консумирал дрога и алкохол додека пеел во „Уан дајрекшн“, како и по распаѓањето на бендот.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....