7.8 C
Скопје
22:42 - 13 март, 2026

(Фото) Косата на Маја Николиќ ѝ паѓа! Пејачката морала да ја скрати сосема кратко, поради траумата и сè низ што поминала…

Српската пејачка Маја Николиќ се снимаше себеси во својот стан на креветот, а многумина ги загрижи кога откри дека косата почнала да ѝ паѓа.

Имено, таа објасни дека морала да ја скрати косата поради траумата и скршеницата на ногата, а дури сега го извадила гипсот и почнала нормално да оди.

– Еве, драги мои, да ви се јавам. Помина ова тешко искушение. Ја истрижав косата кратко, таа промена мораше да се случи. Косата почна да ми паѓа од траумата и сè што ми се случи во претходниот период. Го извадив гипсот, сега одам добро, но и понатаму треба да бидам внимателна – рекла пејачката во својата објава на Инстаграм.

Многумина немале поим што се случува со косата на Маја, па во претходниот период, многумина ја критикуваа што почнала да носи пократки фризури.

Да потсетиме, Маја Николиќ пред неколку месеци ја скрши ногата на три места, а настапи и со гипс на српскиот избор за песна на Евровизија, каде што ја носеа на сцената, а лонгетата потоа ја обои во црвена боја.

Пејачката тогаш изјави дека имала големи болки, но стоички издржала сè, бидејќи натпреварувањето ѝ било важно.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....