1.8 C
Скопје
07:35 - 11 март, 2026

(Фото) Кофа полна со мраз: Ален Исламовиќ покажа како ja лекува повреденaта нога

Пејачот Ален Исламовиќ на почетокот на летото ја повреди ногата, а сега покажа алтернативен метод со кој ја лекува повредата.

Имено, тој на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која се гледа како ја држи ногата во кофа полна со мраз.

„Одмор за душата и оздравување на ногата“, напиша пејачот покрај фотографијата.

Инаку, Исламовиќ на почетокот на летото итно се оперираше откако ја повреди тетивата на ногата играјќи тенис. Тој со помош на патерици се искачи на бината во Крагуевац и направи спектакл и покрај тоа што цело време мораше да седи и да се одмора.

Потоа продолжи да настапува со гипс на ногата, како и во инвалидска количка, не сакајќи да ги пропушти и откаже веќе закажаните настапи. Претходно пејачот изјави дека има големи болки поради повредата.

„Тоа е една од најтешките спортски повреди, страшна болка. Веднаш ме оперираа итно, а операцијата беше успешна, па после четири дена продолжив со концерти и настапував со ‘Бијело дугме’ во Крагуевац“, изјавил тој.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....