02:34 - 2 април, 2026

(Фото) Клои Кардашијан никогаш послаба: Ја истакна фигурата во минијатурно бикини и поттикна гласини дека користи „оземпик“

Клои Кардашијан ја отвори сезоната на уживање покрај базен и воедно покажа дека напорно работела на тоа да изгледа одлично во летните денови.

Во нејзината последна објава на Инстаграм, таа сподели неколку фотографии на кои е облечена во бело бикини со вишни и позира покрај своите деца – Тру Томпсон (7) и Тејтум Томпсон (2). Интересно е дека Кардашијан била модно усогласена со ќерка ѝ, која носела плажна наметка со вишни како мотив.

Кардашијан, како една од највлијателните жени на социјалните мрежи, веднаш го привлече вниманието на следбениците со својата драстична промена на изгледот, односно многумина се загрижени за нејзиното нагло слабеење.

„Ми делува како да има проблеми со здравјето. Клои, добро си?“, „Претерувате со користењето Оземпик. Тоа е лек за дијабетичари!“, „Клои, претходно изгледаше подобро! Зошто сите сте опседнати со тоа да бидете слаби“, гласат дел од коментарите на луѓето кои сметаат дека старлетата претерала со промената.

Сепак, многумина се воодушевени од изгледот на Кардашијан и ѝ честитаа за упорноста и напорната работа на себеси за да има подобар изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....