23:48 - 9 јануари, 2026

(Фото) Ќерката на Доналд Трамп го откри полот на своето прво дете

Тифани Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, викендов приреди луксузна забава по повод скоро породување.

Со долга светлосина тоалета и украси во иста боја, таа откри дека очекува машко дете. Во објавата на социјалните мрежи, Тифани напиша: „1 месец“, откривајќи кога се очекува да се породи.

Доналд Трамп првпат јавно ја објави веста за бременоста на Тифани во октомври 2024 година, за време на говор во Детроит. Говорејќи за неколку луѓе од публиката, го спомена и таткото на зет му, д-р Масад Булос, нарекувајќи го „татко на еден извонреден млад човек“ и додавајќи: „А Тифани е исклучителна млада жена. Таа ќе стане мајка. Тоа е прекрасно“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)


Тифани е единственото дете на Доналд Трамп од бракот со неговата втора сопруга, Марла Мејплс. Таа често беше во сенка на своите полубраќа и сестри, а јавноста го запомни и неговиот коментар дека е „малку помалку горд на неа“ отколку на другите деца.

Во 2022 година, Тифани се омажи за милијардерот Мајкл Булос, кој е четири години помлад од неа. Тој е наследник на моќниот нигериски конгломерат „Булос ентерпрајсес“, а потекнува од Либан, детството го поминал во Нигерија, а во САД се преселил поради љубовта со Тифани. Тие се запознале во 2018 година во клубот на Линдзи Лохан на Миконос, а се верија во јануари 2021 година, при крајот на мандатот на Трамп. Булос ја запроси со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари, на тревникот на Белата куќа.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....